Во Скопје и во Софија, со низа свечености, денеска заеднички беше одбележана 150-годишнината од раѓањето на револуционерот Гоце Делчев. На неговиот гроб во црквата Свети Спас, државни делегации предводени од претседателот Стево Пендаровски и вицепремиерот Артан Груби положија венци, а на чествувањето присуствуваше и лидерот на опзицијата, Христијан Мицкоски. Бугарската делегација, која што учествува на чествувањето во Скопје, ја предводи бугарската министерка за надворешни работи Теодора Генчовска. Во Софија, пак, Делчев го чествуваат бугарскиот премиер Кирил Петков и претседателот Румен Радев. Заедничкото чествување не помина без тензии. Македонските делегации беа исвиркани од незадоволни граѓани, а од Бугарија пристигнаа изјави коишто дополнително ја разбрануваа чувствителните историски прашања меѓу двете земји.

Почит и слава кон великанот  

Македонскиот премиер, Димитар Ковачевски, не учествуваше во заедничкото чествување поради неговата официјална посета на Брисел. Но, тој на социјалните мрежи испрати порака со која одаде почит и слава кон животот и делото на великанот на македонското национално револуционерно дело.

Повеќе на: DW