Во програмата на СДСМ од 2016, пред да дојдат на власт, е наведено дека партијата ќе се залага за уставни промени со кои ќе се намали бројот на пратеници во Собранието. Сега на барањето на ВМРО-ДПМНЕ за помал собраниски состав велат дека е лицемерно. Опозициската партија бара бројот на пратеници да се намали на 90.
Партиите кога се во опозиција ветуваат помала влада и помалку пратеници, но есапот им се поматува кога ќе дојдат на власт.
„Помало Собрание, посилни пратеници“, ветуваше СДСМ во програмата „План за живот во Македонија“ од 2016 со која партијата дојде на власт. Но, сега, на идејата на опозицијата за помалку пратеници, од власта велат дека барањето е лицемерно.
Македонското собрание има 120 пратеници со можност да има до 140, а ВМРО-ДПМНЕ бара да се намалат на 90 пратеници. Собранието за време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ на чело со Никола Груевски едно време имаше и 123 пратеници, оти три места беа резервирани за пратеници од дијаспората.
Повеќе на: РСЕ










