И полицајци и цариници се уапсени во полициската акција што од утринава се спроведува во кумановското „Диво Насеље“ по наредба на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција.

На распит во Кривичниот суд, како што објави Канал 5, веќе се приведени неколку осомничени.

Од МВР засега не соопштуваат детали за тоа колку полицајци досега се приведени во акцијата и најавуваат повеќе информации за подоцна.


 „Nova“ Tv