Претседателот на Големото национално собрание на Турција (ТБММ), Мустафа Шентоп, го посети Основното училиште „Тефејуз“ во Скопје, каде што се спроведува настава на турски јазик, јавува Агенција Анадолија (АА).

Обраќајќи се во училиштето, Шентоп исто така се сретна со наставниците и учениците.

Изразувајќи го своето задоволство што е во земјата по повод 21 Декември, Денот на наставата на турски јазик, кој е официјален празник на Турците што живеат во Северна Македонија, Шентоп рече дека е среќен што е сведок на гордоста и возбудата на вредните наставници и ученици во оваа длабока вкоренета образовна институција, која има 137-годишна историја и стана симбол на турското образование во Северна Македонија.

Можно е да е слика од 17 луѓе, седнати луѓе, луѓе што стојат, внатре и текст кој вели „TİKA AA“

Упатувајќи честитки од претседателот Реџеп Таип Ердоган до наставниците и учениците од училиштето, Шентоп рече: „Нашиот претседател, пред да дојде овде, од сè срце ви го честиташе Денот на наставата на турски јазик.“

Нагласувајќи дека јазикот е феномен стар колку и историјата на човештвото и е камен-темелник на односите и комуникацијата меѓу луѓето, Шентоп рече дека јазикот е најважниот елемент што на заедницата ѝ овозможува да стане народ, а исто така е важно богатство што создава, одржува и зачувува културни вредности.

Можно е да е слика од 13 луѓе, луѓе што стојат и надвор

Шентоп посочи дека идните генерации со учењето на својот јазик, ги учат и карактеристичните животни стилови на нивните предци и уникатните карактеристики на општеството во кое живеат.

Можно е да е слика од 12 луѓе, луѓе што стојат, внатре и текст кој вели „AA AA“

„На овој начин покрај тоа што стекнуваат многу длабоко културно наследство, стануваат и носители на ова наследство. Турскиот е еден од јазиците што се користи широко низ светот. Турскиот го зборуваат нашите сродници од балканските простори, па сè до Кина, со различни дијалекти. Ги обединува Турците низ светот во рамките на истата култура и истата цивилизациска визија, а исто така ја отсликува нашата културна историја од илјадници години. Доаѓањето на турскиот јазик во овие земји е всушност многу пред Османлиите, тоа датира повеќе од 1.500 години. Оттогаш овде се формира значително турско население и турскиот почна да се зборува како јазик на овие земји. Можеме да кажеме дека турскиот јазик уште од тие времиња се вкоренил во овие земји, во овие земји е збогатен и во исто време ги збогатил овие земји“, нагласи претседателот Шентоп.

Нагласувајќи дека треба да се залагаат за да се зачува турскиот јазик, Шентоп истакна дека развивањето на новите технологии не треба да дозволи турскиот јазик да го загуби своето влијание, напротив, треба да се бараат начини со овие технологии да се збогати турскиот јазик.

Можно е да е слика од 5 луѓе, луѓе што стојат и внатре


„Anadolu Agency“