Листа за помилување на 48 затвореници, меѓу нив Нинџа и Кочан

by Administrator

Осудениот за тероризам за крвавиот четврток во Собранието во 2017 година, Александар Василевски-Нинџа и бизнисменот Сеад Кочан се најзвучните имиња на листата со 48 затвореници за кои министерот за правда, Бојан Маричиќ ќе побара делумно или целосно помилување од македонскиот претседател Стево Пендаровски.

Листата ја објави Алсат ТВ во чија вест се наведува дека за 45 од предложените лица се бара делумно помилување, а за тројца од нив целосно. На неа, според медиумот, се наоѓа и лицето Бобан Илиќ кој го усмрти четиригодишниот Алмир во Куманово.


Nova Tv

You may also like