Во САД на лекарите не само што им е забрането да препишуваат ивермектин , туку и на болниците им е забрането да го даваат, а сега, според најновиот објавен документ, се чини дека Управата за храна и лекови (ФДА) и наредила на поштата на САД да пресретне и уништи сите пакувања кои содржат ивермектин.
Како да станува збор за некаква забранета супстанција, кокаин или слично. Да потсетиме, тоа е сосема безбеден лек кој се користи повеќе од 60 години и е толку евтин и ефикасен за многу работи, што лекот ја доби дури и Нобеловата награда за исклучителен придонес за здравјето, особено во сиромашните земји. Навистина, треба да се запрашаме зошто таквиот лек одеднаш станал толку непожелен и опасен. Можеби затоа што Индија целосно успеа да ја намали и целосно да ја контролира епидемијата на коронавирус со масовна употреба на Ивермектин? И сите знаеме дека ако имаме лек, не ни треба вакцина…

