Мигрант починал во кумановската болница, откако пред една недела бил пронајден во бессознание на улицата „Никола Тесла“ во градот, соопшти денеска СВР Куманово.
„Денеска во 8:25 часот во СВР Куманово било пријавено дека во општа болница Куманово починало лице мигрант, со непознат идентитет. На 9 декември годинава на улицата „Никола Тесла“ во Куманово тој бил пронајден во бессознание и префрлен во општа болница Куманово за понатамошно лекување“, соопшти кумановската полиција.
„Sloboden pecat“









