За брзо возење казнети се 566 возачи во текот на вчерашниот ден во рамки на спроведената зајакната акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија.

Од нив 75 возилa се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а 15 возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина.

Притоа, соопштија денеска од МВР, 284 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 282 надвор од населено место.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.

Nova Tv