Одлука на Град Скопје: Два милиона денари парична помош за семејствата на жртвите во автобуската несреќа

by Administrator

Град Скопје ќе додели два милиона денари за семејствата на загинатите во автобуската несреќа што се случи пред два дена во Бугарија.

На предлог на градоначалничката Данела Арсовска, Советот на Град Скопје на својата наредна седница ќе одлучува за доделување парична помош во знак на солидарност кон семејствата и почит кон настраданите.

„Градот Скопје уште еднаш изразува длабоко жалење и сочувство до семејствата на настраданите, а на повредените им пожелува побрзо закрепнување“, информира Град Скопје.

Nova Tv

You may also like