Friday, April 17, 2026
Home Македонија Постапка за одземање лиценца на „Беса транс“, автобусот го немало во регистарот...

Постапка за одземање лиценца на „Беса транс“, автобусот го немало во регистарот на министерството за транспорт

125
0

Министерот за транспорт и врски, Благој Бочарвски изјави дека превозникот „Беса транс“ доставил уредна документација и добил лиценца за превоз на патници. Превозникот ги исполнил условите и до овој момент има уредна лиценца. За опожареното возило Бочварски кажа дека го нема во електронската база на министерството. Фирмата превозник е должна да го пријави во рок од 15 дена.

Против превозникот е покрената постапка за одземање на лиценцата, а дополнително ќе биде испратена инспекција од Државниот инспекторат за транспорт за работењето на „Беса транс“.

Nova Tv