Општина Струга ги спушти знамињата на половина копје, градоначалникот Мерко со сочуство до семејствата на загинатите

by Administrator

Општина Струга ги спушти знамињата на половина копја во знак на почит кон жртвите од трагичната сообраќајна несреќа во Бугарија, во која животите ги загубија 46 македонски државјани.

Поради трагедијата и согласно одлуката на Владата за тридневна жалост, Општина Струга соопшти дека ги прекинува сите престојни активности и манифестации.

Градоначалникот Рамис Мерко и вработени во општинската администрација, изразија сочувство до семејствата и блиските на загинатите, а на преживеаните им посакуваат брзо закрепнување.

– Во овие тешки мигови, изразувам најдлабоко сочувство до семејствата и блиските на сите лица и наши сограѓани, кои ги изгубија своите животи и беа повредени во стравичната сообраќајна несреќа, која ноќеска се случи на територијата на соседна Бугарија. Посакувам мирен покој на душите на починатите и побрзо закрепнување на повредените, соопшти градоначалникот Мерко.

Tv 21

You may also like