Нови судири избија доцна синоќа во неколку холандски градови, во знак на протести против построги владини мерки за спречување на ширењето на вирусот коронавирус.
Петмина полицајци се повредени, а седум лица се уапсени.
Судири меѓу интервентната полиција и демонстрантите се случија во Хаг, каде полицијата употреби водени топови за да ја растера толпата, пренесува Хина, повикувајќи се на AFP.
Помали судири имаше во градот Урку и во градовите во провинцијата Лимбург, каде гневните навивачи прекинаа два фудбалски натпревари кои, поради правилата на Ковид, се одиграа без публика.
„Aj“
„Dubai-Portal“









