Благодарноста му припаѓа на Возвишениот Господар, кој одреди ние да бидеме современици на реформаторот Академик Муамер Зукорлиќ, кој успеа Божјата порака да ја интерпретира во ова денесно време, а нас останува колку ке успееме да ја исплементираме во нашите животи. А за да успееме верата да ја исплементираме, зависи од тоа колку ние сме ја разбрале методологијата на академикот Зукорлиќ, односно неговиот начин со кој што доаѓаше до одговорите и ставовите базирани на Куранот и Суннетот. Неговиот живот и дело беше доказ за тоа како треба да се живее исламот.
Она што ме плаши е тоа дали ние навистина ја разбравме неговата порака и идеалите кон коишто тој стремеше, бидејки иако навидум изгледаше едноставна, неговата порака беше комплицирана за нашиот балкански менталитет, кој последниве неколку децении беше навикнат да го гледа исламот само преку призмата на традиционалното изучување.
Со секое негово излагање неговата искрена намера мозеше да ја примети секој свесен и разумен човек и таа беше толку јасна бидејки во таа искрена намера мозеше да се види вистината за која што беше спреман животот да го даде.
Според мене тој со неговиот разум успеа да ги пробие бариерите кој што на човекот го ограничуваат во овој материјален свет. Преку неговиот пример увидовме дека навистина човекот може да го достигне тој статус да биде халифа односно управител на земјата
Со неговиот пример ни укажа дека суштината на нашето постоење е да се биде, а не да се има, бидејки тој даде се што имаше за да биде човек доследен на божјите принципи. Ретки се луѓето кои успеаа да го обноват целокупното изучување на верата, посебно на нашите простори каде сме се сооќувале со разни препреки и предизвици во последниве години.
Навистина меѓу нас имавме човек кој еднас на сто години се раѓа, и овие не се зборови исказани само од емоции, туку од свесно сфакање на пораката која постојано ни ја пренесувасе преку неговиот живот и дело; а во таа порака беше суштината на нашата вера која само тој успеа да ја претстави на таков оригинален начин. Иако вакви реформатори ретко се раѓаат сепак треба да имаме надеж дека неговиот траг ке биде доволен за да се пробуди свеста кај многу луѓе, бидејки иако тој беше поединец, некогаш е “доволно само еден да се пробуди, за да ги разбуди останатите кои спијат”
Со секој негов настап во јавност се повеќе и повеќе ја запознавав неговата личност, и мојата желба беше да го запознам во живо, и копнеев и сонував за тој ден. Но Аллаховата одредба беше поинаква: тој се пресели пред да се запознаеме. Она што ме прави среќен се зборовите на Пратеникот с.а.в.с : “Човекот ке биде со тој што го сака”. Затоа се надевам дека Возвишениот Аллах ќе не сретне во подобриот свет, и го молам Господарот него да му ги подари највисоките степени во Џеннетот.
“Ние ќе сториме Книгата после да ја наследат тие Наши робови кои Ние ќе ги избереме; ќе има и од тие кои кон себе насилство ќе си сторат, ќе има и од умерените, и ќе има И такви кои, со Аллахова воља, со своите добри дела другите ке ги надминат- за тоа голема награда Ќе добијат…” (Фатир:32)









