Жителите на Дебар денеска гласаат за градоначалник, но истите се оневозможени да го остварат своето гласачко право затоа што блокиран е патот Дебар – Маврово.

Според информациите на ТВ21 од терен, блокадата ќе трае до 16 часот, но во попладневното соопштение на АМСМ за состојбата на патиштата нема информација дека овој пат е блокиран, туку само се апелира внимателно возење почитувајќи ја патната сигнализација.

Во колоната каде што беше екипата на ТВ21 имаше многу гласачи од Дебар кои живеат во други градови, но сепак гласаат во овој град.

Причина за блокадата, како што велат, е тоа што на коловозот има машини широки околу 4 метри, што го оневозможува поминувањето на автомобилите, а по неколку расправи, полицијата сепак дозволи да поминат граѓаните кои се уште го имаат наведено овој град како место на живеење.

И екипата на ТВ21 беше пуштена да помине, но на патот не наидовме на механизација која го окупира целиот пат за истиот да биде непрооден.

[embedyt] https://www.youtube.com/watch?v=KjoZTNJgna4[/embedyt]

Tv21