Британскиот генерален конзул во Џеда (Jeddah), премина во ислам и го променил своето име во Сеиф Ашер (Seif Usher).

Сликата на Ашер (Usher) како стои во Месџид Ал Набави (Masjid Al Nabawi), во Медина, стана вирална на социјалните мрежи. Во твит, генералниот конзул напиша: „Многу сум среќен што се враќам во мојот омилен град – Медина – и ја клањам сабах намаз (молитва) во џамијата на пејгамберот Мухаммед с.а.в.с. (Muhammad s.a.w.s)

Ашер додаде дека со нетрпение го очекува враќањето на британските муслимани во Медина. „Имаше над 100.000 посетители секоја година (пред кризата со Ковид). Сигурен сум дека оваа бројка ќе се зголемува како што продолжува прекрасниот развој на објектите и инфраструктурата во Кралството“.

Ашер не е првиот британски дипломат кој преминал во ислам. Претходно, британскиот амбасадор во Саудиска Арабија (Saudi Arabia), Сајмон Колис (Simon Collis), премина во ислам и го изврши хаџот во 2016 година.


„Samaa Tv“