Министерот за здравство Венко Филипче не размислува да поднесе оставка поради актуелните случувања во СДСМ.

„Не, не размислувам во таа насока“, кусо одговори Филипче на новинарско прашање на денешната прес-конференција на која соопшти детали за КОВИД-состобата во земјава.

На прашањето, пак, дали некој ќе понесе одговорност, морална или кривична, за трагедијата во тетовската модуларна болница од која поминаа два месеца, Филипче рече дека тоа е е прашање за Обвинителството.

Тој дополни дека епидемиолошката ситуација во државава бележи зголемување на новодијагностицираните случаи од ковид -19, почнувајќи од периодот некаде пред две недели.

MIA