ВМРО-ДПМНЕ пред два дена до Собранието достави иницијатива за поведување постапка за гласање на доверба на Владата.

Барањето беше поднесено точно во 14.30 минути откако Зоран Заев не ја депонираше својата оставка на премиерската функција во Собранието, во рокот кој му го постави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Иницијативата е потпишана од 61 пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Алијанса за Албанците, Алтернатива, Беса и Левица.

Претседателот на Собранието, Талат Џафери ја закажа седницата за гласање на доверба на Влада за утре во 11 часот.

Џафери вчера во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 ја објасни процедурата.

Тој вели дека доколку не се изгласа недоверба на Влада, наредните 90 дена не може да има повторно гласање.

„Јасни се процедурите. Има седница закажана во четврток. Седницата мора да има епилог. Епилогот може да биде, се гласа недоверба – паѓа Владата, не се гласа недоверба – не паѓа Владата. После тоа наредните 90 дена не може да има повторно гласање на недоверба. Затоа е даден рок од 90 дена. Процедурата е отпочната, ако се повлече сега барање за гласање на недоверба на Влада, нема право наредните 90 дена за повторно барање за гласање на недоверба“, порача Џафери за ТВ21.

Tv21