„Средбата Ахмети-Мицкоски не е дека била тајна и неочекувана. Вакво нешто по нивниот партиски форум најавија самите интегративци. Од оваа гледна точка можам да кажам дека разговорот меѓу двајцата лидери бил мерење на пулсот на правците каде ќе оди Северна Македонија – сега кога имаме владина криза, но и потреба за неизбежни предвремени парламентарни избори. Добро е што лидерите на двете победнички партии на локалните избори се среќаваат и, зошто да не, согласно искажаните позиции и градат ставови. Јас сум склон да верувам повеќе во каква било можна соработка по општите избори следната пролет-есен отколку во создавање ново мнозинство“, анализира Џезаири.

Sloboden pecat