Во Собранието денеска не беше доставена оставката на Зоран Заев од премиерската функција, па затоа ВМРО-ДПМНЕ поднесе барање за изгласување на доверба на Владата.

Пратеникот Александар Николовски во изјава за медиумите истакна дека иницијативата е поднесена од страна на 61 пратеник.

„Иницијативата е поддржана од ВМРО-ДМПНЕ и Коалицијата за обнова на Македонија, коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива, политичката партија Беса, и политичката партија Левица – вкупно 61 пратеник е потпишан“, додаде Николовски.

Инаку, во текот на вчерашниот ден претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски постави рок до денеска до 14:30 часот Заев да си поднесе оставка, во спротивно тие ќе поднесат интерпелација.

Мицкоски претходно објави дека заедно со Алијанса за Албанците, Алтернатива, Беса и Левица формирал ново парламентарно мнозинство.

Tv21