Новиот градоначалник на Гостивар и генерален секретар на Алијансата на Албанците (АА), Арбен Таравари тврди дека се преговара и со неколку пратеници на СДСМ кои, според него, биле разочарани од партијата и изразиле подготвеност да минат на спротивната страна.

Од синоќа имаме ново мнозинство што во наредните денови очекуваме да порасне до 64-65 пратеници. Преговараме со неколку пратеници. Меѓу нив има и членови на СДСМ кои се незадоволни од криминалното владеење на СДСМ и на ДУИ. Мислам дека најпрво треба да се случи промената, државата да се декриминализира и да почне да чекори по вистински пат, изјави Таравари за „Канал 77“.

Новата влада, според ген-секот на АА, би траела година и пол со задача за декриминализирање и чистење на институциите од ДУИ, па дури потоа да се пристапи кон организирање на демократски и фер избори.

Nova Tv