Организацијата која се занимава со состојбите на пазарот, Инсајдер АјДи, деновите прослави пет години работа на истражување на пазарот. Денеска се објавува најновиот извештај за истражувањето кој вклучува и еден петгодишен тренд. Се истражуваа маркетите каде што најмногу пазарат граѓаните и колкава е нивната лојалност.

-Првиот дел се однесува на тоа во кои маркети најчесто пазарат граѓаните, а во вториот дел колкава е нивната лојалност односно колку се задржува зачестеноста на купување во одреден маркет. Во последно време се случува појава на неколку најкористени маркети за пазарење, а не само еден. Постои мал дел од потрошувачите кои го зголемиле пазарувањето, вели Сергеј Зафировски од Инсајдер АјДи.

Sloboden pecat