Претседателот на Државната изборна комисија (ДИК) Александар Даштевски, на прес-конференција  соопшти дека излезеноста во вториот круг од Локалните избори до 15 часот  е 34,22 %,  Излезноста е поголема од првиот круг, кога во истиот период, до 15 часот , имало излесност од 32,05 отсто.

Процесот на гласање се одвива по мирен пат, додаде Даштевски.

„Немаме нови пријави за неправилности во некое гласачко место. Откако се решија проблемите утрово со апаратите за отпечаток на прст, немаме нови пријави на нерегуларности.“ изјави Даштевски.

Општини ксо најголема излезеност се Вевчани, Ранковце, Демир Капија, Ѓорче Петров, Демир Хисар, Пехчево, Дебар, Лозово, Македонски Брод, Чашка се над 48 %.“ Најслаба излезеност има во Сарај, каде излегле само 16,38 % од гласачите.