На ИМ 0048, Битола, ОУ„Таки Даскало“, на едно лице без документ за идентификација, гласачот изјавил дека ја заборавил лк дома, од страна на ИО му било дозволено да гласа, додека на  ИМ 0057, во истото училиште, гласач бил запишан на местото на друг гласач по што го завеле во дневникот; има и повреда на тајноста на гласањето со читање на гласачите на глас од страна на членови на ИО, јавува ЦИВИЛ

Изборните нерегуларности како што се притисоци, поткуп, злоупотреби, проблеми со Избирачкиот список, кршење на изборниот молк, говор на омраза, односно сѐ што граѓанките и граѓаните сметаат дека не е во согласност со нивното сфаќање за слободни, фер и демократски избори, можат да го пријават во ЦИВИЛ.

CivilMedia