47
Утринава, во 01,20 часот М.Т.(44) од с.Василево пријавил дека на 29.10.2021 околу 23,30 часот, додека неговиот син лепел плакати од политичка партија во непосредна близина на домот на културата во с.Василево, дошол К.Ц.(18) и почнал да лепи плакати врз плакатите од друга политичка партија.
Потоа К.Ц. почнал да го прска со спреј малолетникот, по што физички го нападнал и му се заканил со остар предмет. Пријавениот бил лишен од слобода и со него бил извршен разговор. По целосното документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок, информираат од МВР.
