Германската амбасада во Скопје утрово соопшти дека во следните три месеци нема да има листа на чекање за пријавување, дознава Алсат. Според Амбасадата, ваквата одлука е донесена затоа што при последното пријавување за термини, поради технички проблеми, пријавени се повеќе лица, поради што овие лица ќе бидат поканети на термин до февруари.

Резервација на термини за наредните месеци
Поради технички проблеми при последната регистрација на термини на 5 октомври 2021 година, се регистрираа повеќе лица отколку што тоа го дозволува списокот на чекање на термин. Амбасадата одлучи да не ги избрише „пребукираните термини“, туку на сите регистрирани лица да им додели термин до најверојатно крајот на февруари 2022 година по хронолошки редослед. Од таа причина, во месеците ноември, декември и јануари нема да има отворен список за регистрација на термин.
Ве молиме, воздржете се од прашања во врска со оваа тема.
Исто така однапред би сакале да Ве информираме, дека Амбасадата најверојатно на почетокот на наредната година ќе воведе промена во врска со регистрацијата и доделувањето на термините. На тој начин регистрацијата ќе се поедностави. За конкретните детали ќе бидете благовремено информирани.