ДИК го измени Упатството: Ќе важат и гласачки ливчиња без печат, доколку е запечатена волјата на гласачот

by Administrator

Државната изборна комисија донесе изменување на Упатството за важечки и неважечки гласачки ливчиња. Во врска со ова, Комисијата дополнително извести и ги задолжи избирачките одбори задолжително да постапуваат според членот 109 став (2) и да ставаат печат на секое гласачко ливче, но доколку има ливчиња без ставен печат, за таквите да постапат согласно член 115, а во врска со член 110 од Изборниот законик и таквите ливчиња да бидат важечки доколку вољата на гласачот е јасно изразена, информираа вечерва од Државната изборна комисија (ДИК).

На седницата се одобрија барањата за добивање овластување за набљудувачи за Локалните избори 2021, поднесени од Здружението Млади европски федералисти, Американската амбасада Скопје и ОБСЕ – ОДИХР Канцеларијата за демократски институции и човекови права на изборите.

Од ДИК додаваат дека седницата дополнително ќе продолжи, за што јавноста ќе биде известена.

Донесените акти ќе бидат објавени на веб страницата на Државната изборна комисија

ДИК задутре (четврток) ќе ги дистрибуира гласачките ливчиња и изводите од Избирачкиот список до Општинските изборни комисии за вториот круг од Локалните избори. Терминалите за отпечатоци од прсти ќе се доставуваат в петок.

Nova Tv

You may also like