РАМАЛА (АА) – Израел вчера најави распишување на тендер за изградба на 1.355 нови станбени единици во израелските населби во окупираниот Западен Брег и Источен Кудс (Ерусалим), пренесува Агенција Анадолија (АА).

„Јакнењето и ширењето на еврејските населби во Јудеа и Самарија е неопходна и многу важна работа во визијата на ционистичкиот потфат“, изјави министерот за домување, Зеев Елкин во соопштение објавено на вебсајтот „Вала њуз“.

„По долг период на стагнација во изградбата во Јудеја и Самарија, ја поздравувам изградбата на над 1.000 станбени единици. Ќе продолжам да ги одржувам еврејските населби во Јудеја и Самарија “, додаде тој.

Палестинското Министерство за надворешни работи преку соопштение ја осуди одлуката на Израел.

„Израел отворено инсистира на изградба на колонијални населби и спроведување на проекти за окупација на палестинските територии, игнорирајќи го ставот на меѓународната заедница и САД по ова прашање“, се вели во соопштението.

Западниот Брег, вклучително и Источен Кудс, според меѓународното право се сметаат за окупирана територија, со што сите еврејски населби таму се нелегални.

Anadolu Agency