Кандидатот за градоначалник на Тетово Билал Касами од БЕСА во емисијата 24 анализа рече дека не смее да се профитира на сметка на тетовската трагедија и да се добиваат гласови. Затоа како Беса биле многу внимателни во однос на трагедијата и кога сите протестирале во Тетово. Не побарале гласови на сметка на трагини настани.
„Нашето постоење е да понудиме решение за актуелните проблеми. Во врска со оставките на министерот и заменикот, ситуацијата е покомплексна и секоја прифатена оставка би ги оставила интитуциите во незавидна ситуација. Во моментот кога ќе завршат изборите, треба да се разгледа оваа ситуација и верувам дека тоа ќе се рефлектира и во изборните резултати. Сите партнери во владата ќе треба да видат каде се згрешиле за да прават комбинаторики во партиите. Ако оцениме дека треба реконструкција, зошто да не?“, рече Касами.
[embedyt] https://www.youtube.com/watch?v=B-BQYttad-c[/embedyt]
Тv „24“







