Полициски службеници синоќа привеле четири лица, кои околу 19 часот кои биле забележани како дават пари во замена за глас на претстојните локални избори на местото викано Аџево на подрачјето на Полициската станица „Драчево“.
Како што соопшти МВР, осомничените лица се приведени под обвинение за вршење на кривичното дело „поткуп при избори и гласање“ од член 162 од Казнениот законик.
При приведувањето кај четворицата осомничени се пронајдени 121000 денари и 250 евра.
За случајот е известен јавен обвинител и по добиени судски наредби извршени се и претреси во домовите на лицата, а тие се задржани во полициска станица за понатамошна постапка, се додава во соопштението на МВР.
„Nova“ Tv
________________________________________________________________________
Основното јавно обвинителство Свети Николе поведе постапка против едно лице за кое постои сомневање дека сторило продолжено кривичното дело – Поткуп при избори и гласање од член 162 став 3 во врска со став 1 во врска со член 45 од Кривичниот законик. Постапка се води и против четири лица кои го примиле поткупот.
Осомничениот на 15 октомври 2021 година, во општина Лозово бил забележан како дава пари на граѓани за да гласаат за независен кандидат. Со потврда одземена е документацијата и паричните средства кои биле пронајдени кај осомничениот.
Осомничениот е задржан во полициска станица. По дадени насоки на обвинителството, полициските службеници прибираат известувања од лицата кои ги примиле паричните средства во висина од по 3000 денари. Се преземаат и други дејствија за расчистување на настанот.








