Како и што беше објавено според планираната агенда од изборната кампања за локалните избори во Македонија, кои ќе се оддржат на 17.10.2021, вечерва во спортската сала во населба Лабуништа, својот завршен митинг го оддржа коалицијата на Алијансата за Албанците и Алтернатива.
Како и во претходните посети на населбите кои влегуваат во општина Струга, така и пред жителите на населба Лабуништа кандидатот за градоначалник Идри Истрефи, носителот на листата за советници, Нијази Џумкар, кандидатите на листата на советници: Сафет Демиралиески, Асим Саитоски, Амир Муртезоски и Јасмина Цаноска, уште еднаш како и во многуте наврати во своите излагања укажаа на промените кои треба да се случат за доброто на сите жители на Општина Струга.
Покрај горе наведените, свое излагање имаше и г-динот Сурија Рашиди, шеф на изборниот штаб на Алијанста за Албанците.
Во прилог на оваа информација Ви пренесуваме видео запис од излагањето на горе споменатите, и начинот и причината за која сметаат сметаат дека, како што велат да се дојде до “Чиста победа“ на сите граѓани, и до една нова Струга која ќе припаѓа на сите нас, а не само на поединци.











