Владата денеска ќе ги одржи 111-та и 112-та седница. На 111-тата седница ќе бидат разгледани повеќе информации за склучување договори за доделување финансиска поддршка на компании согласно Законот за финансиска поддршка на инвестиции, а подготвени и предложени од Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот.
На 112-та седница е Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за услуги, за кој како предлагач се јавува Министерството за економија.
На оваа седница ќе биде разгледана и информацијата за текот на преговори за пристапување кон Спогодбата на Светската трговска организација за јавни набавки.
За заклучоците и одлуките од денешните седници, Владата ќе испрати
MIA









