​Кандидатот за градоначалник на Дебар од ДУИ, Хекуран Дука, кој општината ја предводеше измнатите две и пол години, денеска ја претстави програмата со која, како што рече, ќе го однесе Дебар кон поголем развој.

„Ова е програма која Дебар ќе го однесе кон поголем развој, со поголема ангажраност и работа со цел унапредување на сите процеси на општествениот живот. Зелената агенда за Дебар ќе значи општина со поголеми надлежности, со повеќе финансии, со одговорно владеење, со појдовна основа-транспарентност“, рече Дука.

Додаде дека програмата предвидува постојано одржување на патната ифрастрктура, споменувајќи реконструкција на повеќе улици во градот и патни правци до повеќе населени места.

„Фокусот ќе го насочиме и во реконструкција на водоводната и канализацската мрежа, тука и изградба на атмосферска канализација во градот и други населени места, потоа изградба на центар за хлорирање на водата во градот, редовно подигање отпад од населените места Бањиште, Могорче, Отишани и Џепиште. Регулирање на градските паркови и зелените површни во градот и зоната околу Дебарско Езеро“, посочи Дука.

Најави поддршка за дозавршување и опремување на новиот објект на гадинката „Брешиа”, отворање центар за културно наследство-етнолошки музеј, поддршка на сите културни и спортски активности, клубови и организации.

„Ова се само дел од планираните проекти во програмата која може да ја разгледате и анализирате. На 17 октомври вашиот глас ќе го отвори патот на зелената агенда и понатамошнот развој на општината“, порача Дука.

ДУИ на изборите има и кандадатска листа за советници, чиј ностел е Фуат Спахиу, дипломран правник и познат спортист.


„MIA”