Опозициската ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата вчера со предизборни обраќања, ветувања и промоција на програмата и кандидатите за градоначалници пред граѓаните на општините Могила, Новаци, Демир Хисар и Битола за претстојните локални избори.

Храброст е поставување на црвени линии и борба за сопствениот народ и држава, наместо потпишување се што ќе се стави на маса. Тоа што Заев досега го направи за Бугарија, не го направија ниту Љубчо, ниту цар Борис заедно, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Хртистијан Мицкоски на вечерашниот предизборен митинг во Битола.

„Кога Заев вели дека носел храбри одлуки, сите го молиме да не биде храбар, затоа што на Бугарија има направено толку добро колку што Љубчо и цар Борис немаат направено заедно. Не е храброст да потпишуваш сè што ќе ти стават на маса, туку да ги штитиш интересите на својот народ и земја. Храброст е државата, без отстапки, да ја внесеш државава во Европската Унија“, рече Мицкоски пред битолчани.

Мицкоски потенцираше дека храброст е да се бориш за среќата на својот народ, за оваа држава да не се врти 30 години во затворен круг, но и да не се дозволи омаловажувања на народот.

„Храброст е да се бориш за стандард, повеќе пари за народот, добро здравство и образование. Храброст е да не се вртиме во круг цели 30 години. Храброст е да се бориш против криминалците, без оглед каде се, од каде се и со кого се. Храброст е да поставиш мерка за работите што се важни, јасно да ставиш до знаење до каде можат да одат барањата на тие кои сакаат да нè омаловажат“, рече Мицкоски.

Мицкоски нагласи дека потребни се победи како тие кога кога ќе ги срушиме ѕидовите помеѓу нас, кога ќе спасиме 14 човечки животи, кога ќе погрешиме да признаеме и да ја исправиме грешката и да се извиниме.

„Тоа е содржано во програмата на секој градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ, каде има повеќе од 14.835 проекти, најмалку 2.000 улици, проекти за секого, за реалните потреби на граѓаните кои потекнуваат од нивните потреби, 100 градинки, 150 училишта, 100 паркови, инвестиции во 60 објекти од културата, 90 спортски сали, гасификација и уште многу други проекти“, изјави Мицкоски.


Nova Tv