Скоро 300 кандидати за градоначалници

by Administrator

Државната изборна комисија објави список за кандидати за градоначалници, ден по истекот на рокот до кога можеа да се пријават во ДИК. Во списокот се впишани вкупно 297 кандидати за градоначалници на 80 општини и Град Скопје. Најмногу пријавено кандидати за градоначалници има за Град Скопје, дури 12.

ДИК сè уште ги обработува кандидатите за членови на советите во општините.

Локалните избори се закажани на 17 октомври.

Nova Tv

You may also like