Полицијата вчера казнила 520 возачи

by Administrator

Во зајакната акциска контрола на полицијата за санкционирање на брзи возачи, вчера се казнети 520 лица. Од нив, 48 управувале со брзина над 50 километри на час поголема од дозволеното, додека осум возачи се движеле со брзина над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Од МВР информираат дека 246 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 274 надвор од населено место.

– Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, соопштија од МВР.

You may also like