чилиштата се подготвени за новата учебна година која започнува утре, а ќе се одвива со физичко присуство и под утврдени здравствени протоколи. Фокусот е ставен на квалитетна и безбедна настава.
Во однос на протоколите Министерката за образование и наука, Мила Царовска, посочи дека тие се објавени многу одамна и се достапни за сите оние коишто сакаат да ги прочитаат – и наставници, и директори, и ученици и родители и медиуми.
„Јасно е пропишана дезинфекција, маски и исто така користењето на училишната сала и училишните мензи. Значајно е дека вентилирањето на самите училници е забрането да се случува со уреди, туку треба да има отворени прозори, отворени врати. Учениците во текот на одморот може да излезат надвор за да може да ги извадат маските, но со престојот во училница треба да има постојана дезинфекција на површините, постојано дезинфекција на рацете и одржување на маските на лицето во континуитет, рече Царовска“.









