(ВИДЕО) Заев и Ципрас се закитија со Меѓународната награда за мир на Вестфалија

by Administrator

На претседателот на Владата, Зоран Заев денеска во Мунстер, Сојузна Германија, на свечена церемонија, му се врачува Меѓународната награда за мир на Вестфалија, која за 2020 година им беше доделена нему и на поранешниот премиер на Грција Алексис Ципрас.

Како што соопшти владината прес-служба, во образложението за наградата се истакнува дека „Зоран Заев и Алексис Ципрас постигнаа историски договор кој како пример за врвен дипломатски пристап, реши отворено прашање и со тоа, меѓу другото, дадоа значаен придонес за стабилноста на Балканскиот регион“.

На свечената церемонија во Мунстер, наградата на двајцата лауреати им ја доделува претседателот на Латвија Егилс Левиц, како претставник на трите балтички земји кои оваа награда ја добија за 2019 година.

НоваТВ

You may also like