Одлука на Влада: Се укинува забраната за движење во шуми и шумски предели

by Administrator

Забраната за движење во шуми и шумски предели се укинува. Ваква одлчука донесе Владата на денешната 101 седница, врз основа на препораките на Главниот штаб за управување со кризи.

Владата притоа ги задолжи Министерството за внатрешни работи и Шумската полиција при Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство да спроведуваат засилени контроли за заштита и спречување на пожари на отворено.

Извор:НоваТВ

You may also like