Поглаварот на Исламската верска заедница (ИВЗ) на Македонија, Шаќир Фетаху, им го честиташе празникот Курбан бајрам на муслиманските верници во земјата и на сонародниците, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во својата порака, Фетаху по срдечните честитки го замоли Алах на овој благословен празник „да ги прифати нашите курбани и нашите ибадети, да го зајакне мирот во светот, да го елиминира злото меѓу луѓето, да ги издржиме разните предизвици и искушенија во животот, особено семејствата на жртвите на трагичната болест Ковид-19″.
Тој исто така истакна дека празникот Курбан бајрам носи голема радост кај семејствата и кај сите муслимани во земјата и пошироко.
„Курбан бајрам е голем празник затоа што содржи многу историски и општествени димензии со извонредно значење за човештвото воопшто, и особено за верниците“, се вели во честитката на поглаварот на ИВЗ.
Фетаху исто така потсети дека во текот на Курбан бајрам се извршува задачата за колење курбани, што, според него, е главната порака за афирмација и зајакнување на човечкото достоинство.
„Празникот Курбан бајрам е празник на голема радост затоа што со актот на колење курбан, верникот се издига високо покажувајќи вистинска покорност во еден Бог, и негува висок морал, надминува над страста и емоциите. Со курбанот колен за Бога, имаме за цел да надвладееме над нашите страсти“, се вели во честитката.
Поглаварот на ИВЗ исто така истакнува дека празникот Курбан бајрам креира атмосфера на мир и толеранција меѓу луѓето, како празник на зближување меѓу луѓето, грижа за сиромашните и пружање на раката за помирување.










