„Епидемиолошката состојба е стабилна и нема потреба од воведување на рестрикции на границите“, вели министерот за здравство

На новинарско прашање дали се размислува за воведување на вакви мерки барем за странските државјани, Филипче посочи дека таквата мерка не е логична.

„Нема никаква логика за едни граѓани да се бара, а за други да не се бара ако граѓаните престојувале во странство. Во таа смисла, ситуацијата сега е навистина мирна. Имаме различни сценарија во различни земји, каде што и покрај тоа што се бараат вакви документи има огромен пораст на случаите, и затоа ставаме акцент на вакцинацијата. Во Велика Британија гледаме дека има огромен број на нови случаи, но важно е што нема смртни случаи. И тоа е суштината“, рече Филипче


„360 stepeni“