Коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива има став за резолуцијата предложена од ВМРО-ДПМНЕ, но тој официјално ќе биде соопштен утре.

„Ние како албанска опозиција односно коалиција Алијанса за Албанците и Алтернатива сигурно дека ќе имаме став за оваа работа, бидејќи сме еден многу битен политички фактор во државата, но знаете дека нашиот претседател Зијадин Села беше на едно патување во Америка и се врати пред два дена“, изјави на прес-конференција портпаролот на Коалицијата, Шефик Дураку, одговарајќи на новинарско прашање.

Тој додаде дека ставот ќе биде официјално соопштен утре од нивните претставници.

„Најверојатно утре ќе го соопштиме нашиот став, дали тоа ќе биде од претседателот на Коалицијата или некој од пратениците, но денеска не би можел ништо да кажам за ова“, рече Дураку.


„MKD“