Автопатот Охрид-Кичево, на кој се работи во моментов е најголем капитален проект на државата од 600 милиони евра, истакна министерот за транспорт и врски Благоја Бочварски.

Тој додаде дека работите се изведуваат со почитување на препораките на УНЕСКО и дека се работи на едно законско решение што ќе бара широка парламентарна поддршка, а доколку ја добие ќе започне со изградба, со што целосно ќе се затвори Коридорот 8.

Одговарајќи на пратеничко прашање за проширувањето и реконструкцијата на автопатот Тетово-Гостивар, тој најави и нова патарина.

– На овој автопат во иднина паралелно ќе се гради уште една лента, но по друга траса што ќе биде Гостивар-Тетово, а на овој актуелниот ќе се вози по спротивниот правец. Патарина ќе се плаќа ако сакаме тој да биде безбеден и сигурен во лето, но и во зимски услови да биде сервисиран, така што тоа е законска одредба која е воведена во државата. Треба да ги почитуваме и овие законски одредби, ако сакаме повеќе инвестиции, рече Бочварски.

Претходните најави беа дека овој автопат ќе биде со по три ленти во еден правец.


„Vecerpressl“