Најмалиот „SUV“ модел од корејската компанија започна да се произведува во Турција.
На идните сопственици на располагање ќе им бидат 411 литри корисен простор во багажникот, односно 1.205 литри со спуштени потпирачи од задните седишта.
Иако станува збор за возило со зголемено расојание од тлото и заштитни елементи на долниот дел од каросеријата, „Bayon“ не е наменет за потешки теренски искушенија и нема да биде достапен во верија со погон на сите 4 тркала.
Интересно е дека сите верзии од овој автомобил ќе бидат опремени со 10,25 инчна дигитална инструмент табла, додека централниот дисплеј од мултимедијалниот систем во поевтините верзии ќе има дијагонала од 8 инчи а кај поскапите верзии 10,25 инчи, вклучувајќи и навигација.

Основниот мотор е 1.2 бензинец со 84 коњски сили, во комбинација со 5 степен мануелен менувач.
Купувачите ќе можат да бидаат меѓу две опции од трицилиндарскиот 1.0 литарски турбо-бензинец. Послабиот агрегат произведува 100 коњски сили, а помоќниот 120 коњски сили. Помоќниот мотор исто така ќе има и 48 волтен хибриден систем.
Кај турбо-бензинците силата стандардно се пренесува до тркалата преку 6 брзински мануелен менувач, додека со оплата на располагање е и автоматизиран 7 степен менувач со двојно квачило.
Иако „Hyundai Bayon“ на пазарот делумно ќе се „преклопува“ со моделот „Kona“, корејскиот произведувач наведвуа дека новиот модел е наменет за оние кои немаат потреба за погон на 4 тркала или елекрична верзија ( која „Kona“ ја има).

Новите „SUV“ модел во продажните салони ќе пристигне во текот на летото, до кога ќе биде позната и неговата цена.
Фабриката во која се произведува „Bayon“-„Hyundai Assan Otomotiv Sanayi (HAOS)“, е сместена во Измир и е една од најстарите „Hyundai“ фабрики надвор од Кореја, а работи од 1997 година.
Со речиси 2.500 вработени има годишен капацитет од 230.000 возила. Погонот има четири гравни производни линии.
Пред моделот „Bayon“, во таа фабрика се изработувале моделите „i20“ и „i20 N“, како и „i10 “ и „i10 N“.
„Kanal5“










