„Porsche“ под истрага, поради потрошувачката на гориво

by Administrator

Германското регулаторно тело за автомобилската индустрија KBA (Kraftfahrt-Bundesamt) започна истрага против Porshce поврзана со сомнежи за лажно прикажување на потрошувачката на гориво на автомобилите од овој бренд.

Како што пренесува угледниот „Business insider“, германскиот производител наводно прикажува погрешни односно помали нивоа на просечна потрошувачка на повеќе од своите модели со што значително се крши германското законодавство.

Портпаролог на „Porsche“ во изјава за германските медиуми ја потврди истрагата отворена од KBA, но потенцираше дека Porsche самостојно, на волонтерска основа се пријави за оваа истрага со цел да се разрешат сите дилеми поврзани со потрошувачката.

Од KBA засега се без коментар за оваа истрага и уверија дека ќе излезат со официјално соопштение во оној момент кога истрагата ќе заврши.


24auto

You may also like