Тесла повлекува повеќе од 321.000 возила во САД поради можноста задните светла повремено да откажат. Компанијата која произведува исклучиво електрични автомобили во петокот веќе повлече речиси 30.000 модели „икс“ во Америка поради проблеми што може да доведат до неправилно активирање на воздушното перниче на патникот, што предизвика пад на акциите на „Тесла“ за речиси три проценти на речиси два годишно најниско ниво, пренесува РТС, повикувајќи се на Reuters.
Во извештајот пренесен од американската Национална управа за безбедност на сообраќајот на патиштата, Тесла наведе дека повлекувањето возила поради задните светла вклучува околу 2.023 возила од моделот „три“ и исто толку модели „ипсилон“.
Компанијата со седиште во Тексас соопшти дека ќе го ажурира софтверот на возилата преку воздух за да го реши проблемот, истакнувајќи дека нема извештаи за несреќи или повреди поврзани со повлекувањето.
Се вели дека повлекувањето следело по поплаките на клиентите, главно од странските пазари, за тврдењата дека задните светла на возилата не светеле. Тесла досега има пријавено 19 кампањи за повлекување во САД во 2022 година, кои вклучуваат повеќе од 3,7 милиони возила.
„Sloboden pecat“

























