Владата одлучи да го укине ограничувањето за движење на граѓаните и почнувајќи од полноќ, повеќе нема да има полициски час.

Одлуката следи по препораката на Комисијата за инфективни болести, која оцени дека епидемиолошката состојба во земјата се стабилизира со намалување на бројот на позитивни случаи на коронавирус и зголемување на бројот на вакцинирани.

Исто така се укинува ограничувањето од максимум 100 гости на свадби и прослави и се дозволува организација на настани, концерти и забави во клубовите и локалите само на отворено, со капацитет до максимум 50% од објектот и не повеќе од 1000 лица.

NovaTv