Сточарите незадоволни од условите и помошта што ја добиваат од државата. Ајет Зибери има 66 години. Тој со сточарство се занимава 58 години и вели дека добива пензија од 110 евра. Сточарите немаат волја за работа, вели тој бидејќи субвенциите се многу ниски и доцнат и нема услови за сточарите, ни ветија многу а не ни дадоа ништо, вели тој.
Субвенциите од минатата година се уште не ги добиле, се очекува истите да бидат пуштани постепено периодов.
Ајет смета дека субвенциите треба да се даваат во октомври за сточарите да ги обезбедат зимските набавки.
„Субвенциите доцнат и треба да се даваат во октомври и ноември за да донесеме жито, да се купи предвреме бидејќи доаѓа влажно време, камионите не одат до колибите, имаат многу проблеми сточарите. Овие имаат големи грешки бидејќи еден сточар кој има малку овци, има 30 овци, треба да му дадат двојно за да му дадат волја за работа, бидејќи сточарите се нешколувани и без волја“, изјави Ајет Зибери, Сточар .
Тој изрази незадоволство и од трговците кои купуваат јагниња бидејќи има големи флуктуации во цените и парите не им ги даваат на време.
„Трговците сосема не’ уништија, трговците со јагниња, лани ги дававме за 135 денари, а оваа година 35 денари, некој 140 денари. Зависи од трговците, бидејќи ние немаме наш претставник кој ќе одлучи за цената и да каже толку е цената и тој знае кога да продава. И парите ни доцнат, на сточарот му требаат парите бидејќи треба да ги плати работниците, едниот 500, едниот 600, едниот 400 евра кога ќе дојде време треба да му ги дадеш парите за да оди дома, а ти немаш“, додаде Зибери.
Тој вели дека субвенциите кај нас се под 20 евра по овца а вели дека во Србија дава 63 евра. Смета дека треба да се даде и кај нас барем 50 евра по глава од овца бидејќи во спротивно младите не влегуваат во оваа работа бидејќи не се исплати.
„Субвенциите треба да ги пуштаат на време, планинските патишта да се средат, водата за овците, на сточарите треба да им ги понудат овие услови, панели треба да донесат, да им помогнат да им дадат повеќе за да не губат волја за работа бидејќи тој ќе ги продаде и тие. Младината исчезнува, изгубија волја за работа и тој што работи му се дава 250 евра, тој не може да живее со толку треба да има плата од 500 евра“, заврши тој.
ТВ21 побара став од министерот за земјоделство, Арјанит Хоџа за доцнењето на субвенциите. Тој вели дека до сега се исплатени над 1.5 милијарда денари за субвенции во земјоделството. Со сигурност според динамиката ќе се исполнат сите. Институциите работат со преполовени капацитети поради пандемијата и нормално бараме разбирање од сите, вели Хоџа.
[embedyt] https://www.youtube.com/watch?v=28epauREMs0[/embedyt]
TV21









