„Во насока на надминување на утврдените состојби, ревизијата даде препораки со цел преземање на мерки за надминување на истите. Во делот за нагласување на прашања за неизвесност или континуитет, ја обелоденивме состојбата во врска со дополнувањето на Деловникот на Уставниот суд донесен во октомври 2020 година, со кој се предвидува дека покрај правото на плата и други надоместоци, судиите на Уставниот суд да имаат право на додаток за посебни услови за работа, постоење на висок ризик и доверливост. Во делот на Останати прашања известивме за потребата од донесување на законска регулатива за утврдување на платите на вработените во Уставниот суд кои вршат технички и помошни работи„, се вели во Извештајот на Државниот завод за ревизија.
Во Извептјаот се додава дека во услови на наведеното уредување на платите и другите надоместоци на уставните судии, во октомври 2020 година извршено е дополнувањето на Деловникот со нов член 10-а, со кој се пропишува дека покрај правото на плата и други надоместоци судиите на Уставниот суд имаат право на додаток за: посебни услови за работа, постоење на висок ризик и доверливост, како и тоа дека додатоците за плата меѓусебно не се исклучуваат.
Вкупниот износ на додатоците согласно наведениот член не може да изнесува повеќе од 35% од основната плата на судијата, а висината и начинот на утврдување е предвидено да се уредат со акт на Судот.
До денот на известување од извршената ревизија, актот за висината и начинот за утврдување на додатоците на основната плата не е изготвен.
„Истакнуваме дека правото на исплата на додатоци за посебни услови за работа, постоење на висок ризик и доверливост за останатите судии во државата односно на судиите од Врховниот суд, Вишиот управен суд, Управниот суд, апелационите и основните судови е утврдено со Закон за платите на судиите“, се додава во Извештајот.
МКД









