Белата куќа: САД никогаш нема да воведат ковид пасоши

by Administrator

Белата куќа ја отфрли идејата за воведување задолжителни федерални ковид пасоши како доказ за вакцинирање, велејќи дека приватноста и правата на граѓаните треба да бидат заштитени.

Шемата за воведување вакви сертификати се разгледува низ цел свет како начин за безбедно патување во време на пандемија, додека критичарите ја опишуваат како дискриминирачка. САД велат дека нема да поддржат систем кој бара од Американците да носат акредитиви.

„Нема да има федерална база на вакцинираните во САД, ниту пак од некого ќе се бара да поседува федерален доказ за вакцинираност. Владата никогаш нема да поддржи систем кој бара од Американците да носат акредитиви. Приватноста и правата на американските граѓани мора да бидат заштитени, а таков систем ги прави нерамноправни“, изјави портпаролката на Белата куќа, Џен Псаки.

Велика Британија развива привремени потврди за ковид статус, кои ќе овозможат присуство на концерти и спортски натпревари. Европска Унија исто така најави воведување на „дигитален зелен сертификат“ со цел да се овозможи слободно патување летово, додека во Израел сите ои се целосно вакцинирани поседуваат „зелена потврда“.

SDK

You may also like