Милошоски: „Караџовски е фигура во бел мантил“

by Administrator

Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски, преку социјалните мрежи го критикуваше претседателот на Комисијата за заразни болести, Жарко Караџовски. Тој од него побара оставка, поради тоа како што напиша пред три седмици Караџовски убедувал дека се’ е под контрола.

„Караџовски е лош пример, бидејќи наместо лекар со интегритет и етика, денес тој е само фигура во бел мантил која служи како марионета во политиката, а со тоа ги зголемува ризиците по јавното здравје. Оставка и одговорност“, напиша Милошоски.

TV21

You may also like